Деновиве повторно е забележано помало јато фламинга во плиткиот крајбрежен дел на Охридското Езеро, на потегот меѓу македонско-албанската граница кај Свети Наум. Претходно беа забележани во овој регион пред неколку години.
Некои видови фламинга се преселници и можат да се забележат и во делови посеверно од нивниот вообичаен хабитат, иако тоа ретко се случува.
Фламингата се хранат со одредени видови планктон и на езерата слетуваат само по храна. Тие се населуваат во мочуришни предели и плитки морски крајбрежни лагуни, па затоа никогаш не е забележано нивно гнездење во овие краишта.