Јелица Димовска, пензионерка од Скопје, пензионерски денови исполнети со многу активности

By

Јелица Димовска е пензионерка од Скопје на која денот и е краток за сите активности кои ги има. Помага во фамилијарниот бизнис на одгледување органска храна за која вели дека е битна за здравјето и дека се’ повеќе таа станува лек за дваесет и првиот век. Внимава на својата исхрана, но и на исхраната на своите внуци со кои сака да биде што подолго време, па затоа го користи секој слободен момент да биде со нив.

-Внуците се мојата најголема радост. Тие ми ја исполнуваат душата со позитивна енргија која ми е неопходна да ги завршам сите работи кои сум си ги зацртала како содржина на моите пензионерски денови. Покрај тоа задоволство ми е да прочитам добра книга особено со содржина поврзана со третата доба, да прелистам и да прочитам некој написи во списанијата кои ќе ми дојдат до рака и друго. Убаво се чувствувам и во мојата градина во која му се радувам на секој нов цвет. Цвеќињата ги сакам и затоа ги одгледува. Особено убаво се чувствувам во пролет и се одушевувам од нивните бои и опоен мирис кој ме смирува.

Секогаш кога имам време се дружам и со моите пријателки пензионерки. Со нив одам на кафе и уживам во нашите заеднички разговори. Заедно со нив одам и на екскурзии што ги организира здружението на пензионери Гази Баба. Посетуваме знаменитости, излетнички места, манастири… Убави се тие дружења во кои посетуваме места кои не сме имале можност да ги видиме за време на работниот век, кога децата биле помали и сме имале други приоритети. Сега е поинаку. Порелаксирано.

Присуствувам и навивам и на пензионерските спортски натпревари, како и на пензионерските ревиите на песни, музика и игри. Кога ги гледам разиграни моите врсници се враќам со мислите во младоста, а песните што ги пеат ми будат спомени. Музиката и песните многу ги сакам и јас, а и моите пријателки. Ревиите како што пишувате во нашиот пензионерски веник „Пензионер плус“ се празник за очи и за душа.

За сето ова да го постигнам имам свој посебен режим на живот Со други зборови водам сметка за своето физичко и духоно здравје, но и за мојот изглед. Жената не треба да се запостави во ниту една етапа од нејзиниот живот. Тоа е моето мото и животна девиза.  Нема ништо подобро од започнување на денот со чаша полна со сок, со витамини. Наутро пијам ладно цеден сок од аронија којшто не содржи конзерванси, вештачки бои и ароми и е без додаток на шеќер. По појадокот земам шитаке ампули од Super Diet  за јакнење на имунитетот, а се препорачува како помош при респираторни заболувања, зголемен крвен притисок и холестерол. Во наши години мора да се внимава на сето ова за да се чувствуваме добро, но и нашите најблиски да не ги оптеретуваме со нашите здравствени проблеми. Овие производи ги набавувам во аптеките.  Кожата ја негувам со козметиката на Gerovital која исто така ја има насекаде, но јас обично ја набавувам во аптеките на Зегин. Наутро нанесувам дневна, а навечер ноќната крема против брчки којашто е богата со состојки со хидратантни и антиоксидативни ефекти.

Бидејќи на мојот имот во Соње имаме бавча во која одгледуваме органски производи, тоа бара поголема физичка активност, а решение за тоа наоѓам во новиот производ Artrohelp Marine. Овој производ обезбедува здрави зглобови, коски, мускули и кожа. Со помошта на овој ѓроизвод се чувстувам одлично и можам непречено да ги извршувам секојдневните обврски. Здравјето на моите очи го одржувам со VISIONHELP капсулите кои на очите им даваат подобра визуелна функционалност и фото заштита што е многу битно во третата животна доба кога се’ постепено малку ослабнува. И овие производи се достапни само во аптеките на Зегин. Си го помагам здравјето и изгледот, а тоа им го препорачувам на сите повозрасни луѓе во граница на можностите. Се’ се купува, само здравје и време не! Нема продавница која продава време.

Калина С. Андонова

Ќе ви се допадне