Јубилејна техно-забава „Ретро електро“

В сабота, на 21 октомври, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одбележи 25-годишнината од првата техно-забава во градот.

„Ова е можност да се потсетиме на домашните и странските хитови кои ја одбележаа музичката техно-сцена во ’80-тите и ’90-тите години. Ова е можност за заедничка дружба на нашата и на генерациите што дојдоа по нас“, вели организаторот Милорад Цаиќ Цајо.

На саботната журка свој сет ќе имаат познатите техно-диџеи од пред 25 години: диџеј Мале, Мирко Попов, диџеј Боле, диџеј Дарко (ПМГ), Самоил Радински и други. Забавата почнува од 21 часот.

Scroll to Top