Јулија Тимошенко сериозно заболена од коронавирус

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко е позитивна на новиот коронавирус и нејзината состојба е сериозна, ја пренесоа светските медиуми изјавата на портпаролката на нејзината партија Татковина.

Тимошенко, која двпати беше премиерка, пред поразот на претседателските избори во 2010 година, станала првата висока украинска политичарка која заболела од Ковид 19, пренесува „Ројтерс“.

„Нејзината состојба е оценета како многу сериозна. Таа има температура 39 степени“, изјавила портпаролката на нејзината партија, но одбила да каже дали Тимошенко била хоспитализирана.

Во Украина оваа недела дојде до пораст на бројот на инфекции, со нови 2328 случаи на пријавени во саботата. Вкупниот број на инфекции достигна до 104.958, а бројот на починати 2.271.

Scroll to Top