Јужнокореец му рекол на Ким Џонг Ун да ја изгасне цигарата

Јужнокорејски дипломат го ризикувал бесот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг ун, кога му рекол да престане да пуши, за време на неговата посета на Пјонгјанг минатиот месец.

Ким е познат по жестоките претерувања со цигарите. Поранешниот шеф на известувачката служба на Северна Кореја за време на средбата со претставниците од јужниот сосед, слушнал како јужнокорејското официјално лице Чанг Еуи џонг говори дека севернокорејскиот лидер треба да размисли да ги остави цигарите.

Според сведочењата на повеќе извори од владите на Северна и Јужна Кореја, шефот на Советот за национална безбедност на Јужна Кореја му довикнал на Ким – „А да престанеш да пушиш? Тоа е лошо за твоето здравје“-

Ким Џонг чол, поранешниот главен севернокорејски известувач со трпение го очекувал одговорот на Ким, бидејќи младиот корејски лидер е познат по „краткиот фитиљ“.

Сопругата на Ким, Ри Сол џу, сепак се насемала ѝ посочила дека таа постојано му говори на својот сопруг да прекине со оваа лоша навика, но тој постојано ја игнорирал.

Поедини медиуми истакнуваат дека јужнокорејскиот претставник (71) бил слободен да му го постави тоа прашање на Ким (34) поради тоа што во Кореја годините и понатаму се сметаат за некаков вид на титула. Колку лицето е постаро, се здобива со поголема почит.

Истите медиуми наведуваат дека реакцијата на сопругата на Ким, помогнала да се избегне потенцијална незгодна ситуација за време на првата посета на делегацијата на Јужна Кореја со северниот комшија од 2007 година.

Scroll to Top