Каде има најмногу медузи во Грција и што да направите ако ве испечат

Се ближи празничен викенд, па подготвени сте да одите на Грција на море.

За жал, многу туристи имаат средба со медузата, која е обично болна и незаборавна. Најнапред запознајте се со неколку правила, кои мора да ги знаете во случај да дојдете во контакт со неа.

Каде има медузи?

„Постојат служби што во случај на размноженост професионално и во рамките на одржливиот развој ги отстрануваат овие медузи. Медитеранската медуза живее само во оваа област (Јонското, Егејското и Медитеранското Море, понекогаш знае да залута и во Јадранот) и доколку крајбрежната стража или некоја слична служба ве фати додека фаќате медуза (но и други живи суштества, октоподи итн.) или ако ловите со харпун без дозвола, постои голема можност денот да го поминете во полициска станица и да завршите со парична казна од неколку стотици до неколку илјади евра“, советува Мирко Тривуншевиќ.

Најпрвин ги чувствуваме симптомите од каснување медуза, а потоа ги гледаме. Најчести симптоми може да бидат печење, убод и чешање.

Грчката опсерваторија за биодиверзитет (биодиверзитет на живи суштества) објави мапа на која се прикажани областите и плажите каде што се појавиле медузи. Мапата постојано се ажурира и исто така им дава можност на корисниците да го надополнат списокот на плажи каде што виделе медуза.

На мапата ќе бидат прикажани сите плажи на кои биле забележани медузи во 2021 година, така што туристите ќе може да бидат информирани кога се појавиле, во кој дел на Грција и колку се опасни.

Што ако ве испече?

Кога ќе ве испече медуза, местото станува црвено, отечено и болно на допир. Во ретки случаи може да се појави главоболка, слабост, омалаксаност, несвестица, гадење, мускулни грчеви и пад на крвниот притисок и ако ги почувствувате овие симптоми, неопходна е итна медицинска помош.

Кога ќе ве испече медуза, најпрвин отстранете ја ако уште стои на кожата, а потоа со песок истријте го местото со кружни движења. Потоа добро исплакнете со морска вода и намачкајте се со крем. Повторете го тоа неколкупати. Не треба да го триете каснатото место, ниту да гребете, бидејќи во спротивно ситуацијата ќе се влоши. Местото треба да го намачкате со антиинфламаторен крем, топичен кортикостероид или антихистаминска таблета.

Доколку чувствувате непријатност, освен чешање и печење, веднаш одете на лекар.

Scroll to Top