Како батеријата на смартфонот да ви трае подолго?

Доколку сакате батеријата на вашиот смартфон да остане во добра состојба, морате да водите сметка на неколку работи.

Истражувањата покажаа дека полнењето на батеријата во текот на целата ноќ, кое го практикуваат многумина, долгорочно влијае негативно. Кога батеријата ќе се наполни до 100 проценти, а и понатаму е приклучена на полнач, таа е под „висок стрес“.

Истажувањата на оваа компанија имаат еден куп научни докази зошто таквото полнење е штетно за литијум-јонските (Li-Ion) батерии, а се сведоа на еден едноставен совет: „Кога телефонот е полн во потполност, извадете го својот уред од полначот. Тоа е како опуштање на мускулите по напорното вежбање“.

Уште подобро е, тврдат истражувачите од Cadex Battery Универзитетот, ако батеријата не ја наполните во потполност, односно до 100 проценти. Тие советуваат тоа да го правите само тогаш кога морате, затоа што кога батеријата е во потполност полна, а сеуште е приклучена на полнач, тогаш е под нагласено висок напон

Scroll to Top