Обично богатството и славата се синоним за фраерите кои сме ги гледале по филмовите. Но, во реалноста тоа е тотална глупост затоа што не мора да си ниту едното ниту другото, за да го свртиш вниманието кон себе. Како е тоа можно? Еве неколку совети за сите они мажи кои имаат несигурност во себе?
Самодоверба преку зборови и движења
Доволно е да погледнете два-три филма со ликови како Џејмс Бонд и ќе ти биде јасно за каква самодоверба станува збор. Нормално, никој не бара да сте таен агент на задача или пак да ја освојувате со еден поглед, но доволно е да ги следите движењата.
Всушност, говорот на телото многу кажува за личноста. Дали се срами, дали е можеби премногу отворен, дали е џентламен или пак е егоистичен. Понекогаш движењата се многу позначајни од самите разговори. А кога сме веќе кај нив… најдобро е малку зборување, но во вистинска насока. Џабе верглање, ако нема ефект.
Очи-во-очи
Едно од нештата кои жените најмногу ги ценат е гледање очи-во-очи. Тоа дава зголемена самодоверба и знак за доверба. Обично лажговците го избегнуваат овој начин на комуникација, па преферираат да гледаат на страна или пак да носат очила за сонце и тогаш кога нема сонце.
Секако, не зјапајте во личноста… Не само што не е културно, туку и ќе створи контра-ефект односно личноста со која што зборувате ќе се чувствува како под постојан притисок и ќе сака што поскоро да исчезне од просторијата.
Третирај ја како да ти е девојка
Жените се во постојана потрага по својот принц на белиот коњ, а тоа значи некој кој ќе им пружи нежност и топлина, некој што ќе ги разбира и ќе се смее на нивните шали. Некој кој би бил тука за нив било кога и било каде. Всушност, бараат некој на кого што можат да се потпрат.
Тоа можете да им го покажете и докажете ако ја третирате како да ви е девојка. Отворете си го барем малку срцето и ќе го видите ефектот. Секако допирајте и ги дланките и гушкајте ја, дозволете да бидете барем малку интимни. За да не се случи да ве фрли во „пријателската зона“.
Направи ја љубоморна
Можеби е подобро да го направиш пред да бидеш интимен со неа… За да не помисли дека си играш со неа и нејзините чувства. Секако ова важи ако добиеш фидбек на твојата нежност кон неа, но доколку гледаш дека те откачува и те гледа како пријател, тогаш дефинитвно почни да флертуваш со други жени… Повеќе посвети им се на нив, отколку на неа.
Со тек на време ќе ги видиш резултатите, или ќе останеш со неа затоа што сфатила каква прилика губи или ти ќе си најдеш некоја друга и ќе сфатиш дека таа не те интересира. Едноставно е, нели?
Биди непредвидлив
Секоја девојка сака авантура, па затоа е најдобро да бидеш секогаш со некоја нова идеја и постојани изненадувања. Кога ќе помисли дека од тебе ништо повеќе не може да ја изненади, ти докажи го спротивното.
Ова не само што ќе ве спои, туку и ќе ѝ покажеш дека воопшто не си здодевен или пак намќорест.
Ти води ја, а таа ќе те следи тебе
Секоја жена сака да има некој што покажува интерес за неа, кој ќе покаже барем малку иницијатива и насока кон нешто.
Жените милуваат да планираат и сонуваат со широко отворени очи, но во исто време бараат и партнер кој би подал рака на сето тоа. Всушност, жените бараат некој кој ќе им пружи поддршка за своите луди идеи, а во исто време бараат и некој што ќе им покаже нешто ново. Ќе ги однесе на некое ново место, ќе ги натера да пробаат нешто поинакво и на тој начин ќе направи да се чувстваат посебно.