Како да ги сварите Велигденските јајца без да ви пукнат

Боењето и украсувањето јајца за најголемиоот христијански празник Велигден е подеднакво забавно како за младите така и за постарите, но доколку се случи да ви пукнат јајцата при варењето нема да може да направите декорација каква што сте замислувале.

 

Како да го спречите тоа? Еве неколку корисни совети кои сигурно ќе ви помогнат.

 

Најважно е водата да не врие премногу и да има доволно место во тенџерето за време на варењето. Така јајцата нема да се судираат и да се оштетуваат. Некои дури полека ја мешаат водата додека не зоврие па потоа ги ставаат јајцата да се варат неколку минути, па ја исклучуваат ринглата а потоа ги оставаат уште половина час во истата вода.

 

Освен температурата на водата , сигурно сте слушнале за советот дека оцетот ќе ви помогне да спречите јајцата да пукнат, но истата моќ ја има и солта, нема да штети ако ставите и од двете состојки.

 

Иако денеска се популарни белите јајца треба да знаете дека нивната лушпа е многу тенка па може и брзо да пукнат.

Одбирањето совршена боја за јајца исто така не е лесно, сите посегаат по домашните јајца но како да препознаете кои се домашни а кои индустриски јајца. Најлесно може да ги препознаете по тоа ако се повеќе жолти тогаш се домашни.

Важно е и каква боја користиме. Боите се забранети како храна за деца до три години, па помалите може да јадат јајца кои се обоени со природни бои како лушпи од кромид или сок од цвекло.

Ако јајцата не ги изедете за Велигден немојте да ги чувате премногу долго, затоа што во нив се акумулираат бактерии кои можат да ви го расипат празникот.

Како да дознаете дали јајцата се свежи?

Ако се сомневате во нивниот квалитет ставете ги во вода и внимавајте дали ќе потонат зошто расипано јајце останува да плива. Јајцата може да ги земете во рака и да ги доближите до увото. Полека протресете го и слушајте го звукот од внатрешноста. Ако не слушнете никаков звук јајцата се во ред но ако слушнење некаков звук тогаш се работи за старо јајце и немојте да го јадете.

Кога ќе ги скршите јајцата ако жолчката остане цела и цврста значи дека јајцата се свежи а ко се скрши тоа не е добар знак, но не значи дека е расипано.

Scroll to Top