Како да ја намалите температурата без лекови?

Ако имате висока температура, не земајте веднаш лекови. Дури и лекарите препорачуваат прво да ги пробајте овие природни нешта.

Пијте течност на секој час

Најдобро е да не јадете сува храна и да пиете што повеќе течности: чаеви без кофеин, цедени овошни сокови, вода со неколку капки лимон. Топлиот чај е најдобар затоа што поттикнува потење, а тоа е природен механизам за ладење на телото, кој исто така го ослободува организмот од токсини.

Туширајте се со ладна вода и ставајте студени облоги

Туширањето во ладна вода ја намалува температурата само на кратко време. И ладните облоги даваат ефект само ако сте упорни.

Пијте какао

Топлото какао се користи како средство против висока температура, депресија, болести на бубрезите и црниот дроб.

Консумирајте чили

Народите од Мексико, Индија, Кина и Тајланд знаат дека лутата храна помага во спуштањето на температурата. Храната која содржи чили предизвикува потење, а тоа е природен механизам за ладење на телото.

Направете си индијански напиток

Индијанците прават луто-кисел напиток од каенска пиперка и портокал. Каенската пиперка ставете ја во врела вода, додајте мед и сок од портокал. Овој напиток ја намалува температурата, но поттикнува потење и го снабдува организмот со витамин Ц.

Внесете малку ѓумбир

И ѓумбирот ја намалува температурата. Направете чај од ѓумбир во прав и додадете лимон. Овој напиток помага и кај бактериските инфекции на грлото.

Scroll to Top