Како најлесно да откриете дека разговарате со бот на интернетот

Ако секој ден со полни гради уживате во интернет разговорите со бројни интересни луѓе на социјалните мрежи, треба да знаете дека многу е веројатно да сте во голема заблуда. Што доколку сите тие интересни луѓе со кои го разменувате своето ммислење и доверба, всушност се ботови?

За ова не е виновен никаков алгоритам, кои сака да ве измами, туку во прашање е актер кој сака да манипулира со вас, а е добро познат за сите како бот.

Иако тие нема да исчезнат во скоро време, постојат начини како да ги откриете.

Ботови, ботови насекаде

Ботовите полека станува незаменлив дел од нашето секојдневие. Истражувачите минатата година, утврдиле дека само на Твитер ги има околу 30 милиони, а од нивното присуство не се поштедени ниту социјалните мрежи.

Некои од ботовите се дизајнирани така што намерно ќе ве наведат да им дадете одреден вид на поддршка за некоја цел, додека други имаат многу појасни цели.

Како да утврдите дали станува збор за бот

Некои автоматизирани налози многу лесно можат да се препознаат затоа што директно ви говорат дека станува збор за бот.

Но, ваквите ботови не се проблем, туку тие кои постојано се обидуваат да ве измамат, а постојат и случаи кога поедини медиуми навистина мислат дека зад овие ботови се кријат вистински лица.

Најважно е прво да ја проверите биографијата зад налогот. Дали е напишана како да и припаѓа на вистинската личност? Дали има профилна слика наместо некои апстрактни силуети?

Потоа, проверете ја историјата на налогот. Ако е во прашање Твитер, постојат неколку однесувања кои можат да ви покажат дека станува збор за бот.

Ако налогот на неколку минути ви пушта Твит, и така прави по цел ден, или поддржува одредено контроверзно политичко прашање или објавува лажна вест, но и за кратко време има собрано голем број на обожаватели, тогаш станува збор за бот.

Што е следно?

 

Ако сте утврдиле дека имате работа со бот, што понатаму?

Нема секој од нас време да спроведе детална истрага за секој нов налог, но важно е да се сподели информацијата која ја имаме со останатите. Тоа не значи дека би требало да ги посетувате редовно страниците на тој налог, туку користете механизми кои ќе ви бидат на располагање за да го пријавите.

Овие опции ги имаат и Твитер и Фејсбук и Инстаграм и ботовите точно се вклопуваат во нив.

Во секој случај, не морате целосно да го исклучите ботот од некоја мрежа за да го победите. Самиот факт дека знаете дека е во прашање налог кој е создаден за да ги измамува и другите, му ја одзема моќта тоа да го прави.

Во тој случај, слободно блокирајте го тој налог, што сте го пријавиле и вратете се во уживањето на интернетот.

 

Scroll to Top