Какво лето не очекува?

Познатата американска метеролошка служба AccuWeather ја објави сезонската прогноза за Европа за ова лето.

Како што најавуваат метеоролозите нѐ очекува жешко и спарно лето.

Се очекува јуни да биде просечно топол и сув. Средната минимална температура ќе се движи околу 15,9 степени, а средната максимална температура околу 26,3 степени целзиусови. Дождови ќе има под просекот, но под границите на нормалата.

Метеоролозите најавуваат жежок јули со топлотни бранови кои нема да им одговараат на многумина.

Просечната температура во јули ќе биде многу над просечната со средна минимална од околу 18,2 степени, а средна максимална температура 29,2 степени целзиусови.

Според меторолозите, нѐ очекуваат топлотни бранови во јули, а дождовите ќе бидат во границите на просекот.

Ни во август нема да е постудено. Температурите ќе се движат од 28,6 степени целзиусови нагоре.

Scroll to Top