Камера која лутала по морското дно 250 километри и на крај стингала до сопственикот

Кога 11 годишно момче од Тајван пронашол на плажата необичен предмет, за кој не знаеш што е, ниту на крај памет не помислил дека на некој ќе му донесе среќа и спомени за кои мислел дека засекогаш се изгубени.

Станува збор за камера која била прекриена со школки и морски алги, и повеќе личела на камен кој бил изваден од големите морски длабочини.

Се почнало така што децата со учителката минале ден во природата, наменет за чистење на плажата.

„Кога свативме за што станува збор, помисливме дека сигурно е некаква измама, а потоа случајно откривме копче за отварање на заштитната футрола. За чудо, ни капка вода не влегла внатре. Но, тоа што е неверојатно е батеријата во камерата која се уште била полна“, изјавила учителката од Тајван Парк Ли.

Потоа во школото одлучиле да пробаат да го најдат сопственикот. Иако најпрво се двоумеле дали е во ред да ги отворат фотографиите и да видат што има во нив, сватиле дека тоа е единствениот начин да дојдат до сопственикот.

Со оглед на тоа дека некои слики биле од Јапонија, одлучиле да фотографиите од камерите ги постават на социјалните мрежи со порака на два јазика: Кинески и јапонски.

За неверојатно кратко време фотографијата се раширила на социјалните мрежи и имала повеќе од 10.000 лајкови. Тоа бил сигурен пат до сопственикот кого на нашле по само еден ден.

 

„Не можев да верувам. Бев целосно шокирана кога пријателите ми соопштија и ми испратија на Фејсбук фотографии за кои мислев дека сум ги изгубила засекогаш“, рекла сопственичката на камерата Серина Цубакихара.

Студентката од Јапонија била на одмор во Окинава, место кое е оддалечено од Тајван 250 километри. Таму ја испуштила камерата.

„За време на нуркањето еден од моите пријатели остана без воздух и му беше потребна мојата помош. Тогаш ја испуштив камерата и засекогаш се простив од идејата дека повторно ќе ја пронајдам. Беше тоа во септември 2015 година“, изјавила младата Јапонка.

Не ни насетувала дека е добро запечатена во својата заштитна футрола, па камерата го започнала своето сопствено долго патување по морското дно.

Преминала стотина километри за да на крајот заврши на плажите на Тајван

„Не ни сонував дека ќе ми се случи оваа чудесна среќа да ми се вратат спомените и тоа на ваков сјаен начин“, изјавила таа и додала дека планира во јуни да отпатува во Тајван и да им се заблагодари на учителката и децата кои успеале да ја пронајдат.

 

Scroll to Top