Камионџија 30 години собирал ковани пари во Германија

Возач на камион од северот на Германија собирал ковани пари 30 години, а повеќето ги пакувал во пластични кеси. Во тоа време германската валута сѐ уште била марка, а најмалите апоени што ги собирал биле од еден или два фенинга.

Кога во мај оваа година починал, неговото семејство наследило над милион монети, со вкупна тежина од 2,5 тони. Толкавата количина метал им задала повеќе грижи отколку радост.

По воведувањето на еврото како официјална валута, Германија станала една од земјите што одлучиле нејзината некогашна валута, германската марка, и понатаму да има вредност, односно во неограничен рок да може да се замени за еврото.

Благодарение на тоа, семејството на покојниот камионџија добило можност да ги искористи наследените метални пари, пренесува thetimes.co.uk.

Кесата преполна со ковани пари членовите на семејството ја однеле во една покраинска банка, која ги проследила до Централната банка на Германија, чиј службеник Волфганг Кемерајт морал да ги избори за да дознае за колкав износ станува збор.

„Секоја монета минала низ моите прсти, но јас сакам да работам, па не ми претставува проблем“, изјави Волфганг, кој монетите ги броел шест месеци.

Кога броењето завршило, семејството соопштило дека наследило 16.000 германски марки, односно 8.000 евра.

 

 

Scroll to Top