Потенцијалниот кандидат за претседател на Франција, Ерик Земур, им покажал среден прст на случајни минувачи и потенцијални гласачи, пишуваат светските медиуми. Познатиот писател и есеист ѝ го покажал прстот на една жена за време на неговиот престој во Марсеј.
Тој подоцна се правдал дека им апелирал на младите луѓе да го не повторуваат неговиот гест, пренесува „Раша тудеј“. Земур, за кого се очекува официјално да ја најави кандидатурата за претседател на почетокот на следниот месец, во Марсеј стигна во петокот за време на неговата промотивна турнеја.
Тогаш го пресретна група протестанти која му дофрлаше додека тој ја напуштал железничката станица. Во саботата една жена му се доближила до автомобилот, додека била паркирана пред градската куќа и во тие моменти му го покажала средниот прст.
Земур низ прозорецот возвратил исто. Тој брзо ја повлекол раката, но не пред да го сними еден фоторепортер на „АФП“. Како што наведува агенцијата, Земур ѝ рекол на жената дека прстот е дизајниран за да оди многу длабоко.
Неговиот тим подоцна се обидел да ја исправи неговата изјава и на репортерите им рекле дека жената прво се претставила како негов обожавател, а потоа била многу агресивна. За потсетување, на Земур во моментов му се суди, затоа што за децата мигранти им зборувал дека се крадци, убијци и силувачи.