Популарната венецуелска актерка Кораима Торес, позната по улогата во сапуницата Касандра, отворено застана против актуелниот шеф на државата во оваа земја Николас Мадуро.
Ѕвездата која на Балканот беше популарна во деведесетите години, период кога создаде армија на обожаватели, на Инстаграм објави фотографија на која напиша „Слободна Венецуела“.
Торес алудираше на датумот кога претседателот на парламентот во оваа земја Хуан Гваидо, себе сѝ се прогаси самиот за претседател.
„Без оглед на тоа каде се Венецуелците, сите сме здружени 23 јануари 2019 година“, напиша Торес.
Ситуацијата во Венецуела ескалираше кога претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за победник, место актуелниот шеф на државата Николас Мадуро.
Опозицискиот лидер Гваидо, вчера изјавил дека ќе ја разгледа амнестијата за Мадуро и неговите соработници, ако помогнат во Венецуела да се врати демократијата.