Жител на Флорида кој оставил сланина пред џамијата сега се соочува со казна затвор од 15 години. Тој, како што наведува државното обвинителство, ја признал вината.
Михаел Волф, 37-годишен маж, треба да отслужи 15 години во државен затвор, по што му следат уште 15 години условна казна затоа што ги навредил исламски верници од џамијата Централна Флорида Масјид Ал-Мунин во градот Титусвил, пишува „usatoday.com“.
Обвинителот изјавил дека е постигнат договор со него откако разговорале со исламското друштво во Централна Флорида и полицијата од градот Титусвил.
„Тој се согласи за договор и ја призна вината за вандализирање на џамијата, а призна и дека злосторството го направил од омраза, што претставува кривично дело“, изјави Тод Браун, портпарол на Државното обвинителство.
„Тој се откажа од правата на однапред овозможената казнена истрага“.
Деталите од мотивот не се објавени.
Волф ја признал вината, односно признал дека извршил казнено дело на местото каде што се врши богослужбата, и тоа од омраза. Сè поголем е бројот на вакви и слични инциденти во џамиите низ целата земја. Групите за правата на муслиманите изразија загриженост во врска со бранот инциденти со „антиисламско чувство“, и тоа во времето кога се случил нападот во градот Титусвил.
Полицијата соопшти дека Волф насилно влегол во џамијата, ги скршил светлата и прозорците и оставил зад себе свински производи. Свинското месо е забрането во исламската вера, која ја следат околу 1,6 милијарди луѓе ширум светот.
На Волф му било забрането да се врати во џамијата. Освен казненото дело, Волф е обвинет за вооружен грабеж во текот на апсењето. Тоа обвинување е отфрлено од судот.
„Договорот беше да се отфрли и пресудата за вооружено насилно влегување во замена за неговото признание“, изјави Браун.