Ќе се снима филм „Дора истражува“

Продуцентската куќа „Мајкл Беј“ ги почна подготовките за снимање на долгометражниот филм за деца „Дора истражува“. Според плановите на продуцентите, Дора ќе отпатува во Њујорк за да живее со својот роднина Диего.

Иако во цртаната серија Дора има 8 години, според сценаристите на филмот, таа овој пат е замислена како тинејџерка. Продуцентите во моментов се во потрага по актери што би ги глумеле Дора и Диего, а снимањето на филмот се очекува да почне напролет.

Scroll to Top