Koмпанијата „Дизни“ објави дека ќе снима продолжение на хит-филмот „Кралот лав“. Филмот ќе биде во 3Д, а режисер ќе биде Бери Џенкинс, кој освои оскар за филмот „Месечина“.
„Кралот лав“ од 2019 година и покрај лошите критики, досега заработи околу 1,6 милијарди долари. Во филмот, гласовите ги позајмија многу познати ѕвезди, меѓу кои и Бијонсе.
„Дизни“ не соопшти повеќе детали за вториот дел. Филмот во моментов е во претпродукција.