Ќе се снима телевизиска серија за Хари Потер

Телевизиската продукција HBO Max ќе снима серија за волшебникот Хари Потер, пишува „Холивуд рипортер“. Развојот на серијата е сè уште во рана фаза, а HBO е во потрага по луѓе што ќе го напишат сценариото.

Според книгите на писателката Џ. К. Роулинг беа снимени осум филмови кои заработија повеќе од 7 милијарди долари. Во главната улога како Хари Потер глумеше Даниел Редклиф.

Од HBO Maх најавија дека се подготвува и третото продолжение на филмот Fantastic Beasts and Where to Find Them, а HBO ќе снима продолжение на сериите Friends и Sex and the City.

Scroll to Top