Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур откри дека се обидела да се самоубие

Ќерката на познатите актери Брус Вилис и Деми Мур, Талула Вилис, откри дека на 15 години се обидела да се самоубие. Taa вели дека имала проблеми со исхраната и дека се обидела да си го одземе животот пиејќи многу алкохол.

Талула откри и за периодот што следувал потоа, кој исто така бил трауматичен за неа. Таа откри и за жената што требало да се грижи за неа, но наместо тоа, ѝ оставила трауми за целиот живот.

„Имав суицидни мисли. Во поголем дел од времето се чувствував како болката да беше преголема за да продолжам понатаму. Се молев за спас од самата себе. Јас си бев најголемата закана“, открива Талула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

„Жената што требаше да ме чува како девојче подоцна ме измами да живееме заедно. Кога се преселив, ми го промени бројот на телефонот и ми го презеде имејлот. Ми ги криеше сите пораки“, открива Талула, која објаснува дека никогаш не закрепнала потполно од тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ДЕТИ ЗВЕЗД (@allegraalba)

„Во мојот живот ми беше доделена личност што требаше да направи јас да се чувствувам безбедно. Таа се грижеше за мене уште во основно училиште. Подоцна во мојот живот сфатив дека истата таа личност, која требаше да се грижи за мене, била социопат. Таа ме измами да живееме заедно, а јас без приговори се вселив. За тие две години, постојано живеев во страв, кој сè уште го чувствувам во стомакот“, изјавила Талула.

Ќерката на Брус Вилил вели дека не може да разбере како некој човек може да му направи такво нешто на дете што имало толку многу болка во себе, кое сакало само љубов, сигурност и простор да созрее.

 

Scroll to Top