Ќерката на Ерос Рамацоти е жртва на врсничко насилство

Аурора, најстарата ќерка на Ерос Рамацоти и моделот Мишел Хунзикер, е жртва на врсничко насилство на социјалните мрежи, пишуваат италијанските медиуми. 23-годишната девојка постојано се соочува со злобни коментари и навреди од врсници, кои ѝ пишуваат дека е многу грда иако има убави родители. Тие понекогаш и не избираат зборови со кои ја навредуваат ќерката на славниот италијански музичар.

Иако не одговара на коментарите, Аурора неодамна решила да не молчи, па на еден таков коментар напишала: „Дали е подобро да бидете грди однадвор или однатре?“.

Таа има над 2 милиони следбеници на „Инстаграм“, а преку своите фотографии сака да испрати порака дека совршенството не само што не постои туку и не е убаво, па затоа објавува фотографии без филтри, на кои се гледаат нејзините мани.

„Потребна е храброст да се објави ваква фотографија во оригинал. Особено за некој што отсекогаш имал проблем со несигурност, тежина, мозолчиња. Имаме платформа каде што се издвојувате ако изгледате како човечко суштество затоа што тоа стана чудно. Сите сме убави, познати, среќни и исполнети. Секако, одлично е кога се дели убавината и би било уште повеќе ако не беше искривен светот во кој секој се натпреварува со секого. И јас имам своја улога во тоа, но се обидувам секогаш да го задржам тој дел од вистината, инаку не би била искрена со себе. На крајот на краиштата, не сакам да се преправам дека сум некој што не сум“, напиша тогаш Аурора.

Пред три години мајка ѝ почнала да добива заканувачки писма, во кои од неа барале пари во биткоини и ѝ се заканувале дека ако не ја плати сумата, Аурора ќе ја полеат со солна киселина. Мишел пријавила во полиција, а истрагата покажала дека заканите ги испраќала меѓународна криминална организација, која со години се заминавала со уцени од ваков тип, но не биле фатени. Во тоа време Аурора била под заштите на телохранители 24 часа.

Инаку, Аурора учествуваше во шоуто „Х-фактор Италија“, а пред две години заедно со својата мајка го водеше шоуто Vuoi scommettere.

Scroll to Top