Ким Џонг-ун се состанал со директорот на ЦИА

Поранешниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, престојувал во Северна Кореја пред повеќе од две недели каде што одржал тајна средба со лидерот на земјата Ким Џонг-ун во Пјонгјанг.

Помпео не зел ниту едно официјално лице со него во Белата куќа или Стејт департментот на патувањето, туку во придружба биле само официјалните известувачки служби, пишува Си-ен-ен.

Состанокот меѓу Помпео и Ким, кој се одржал за време на првиот викенд во април, треба да биде најава за историската средба на лидерот на Северна Кореја и претседателот на САД, Доналд Трамп, која е планирана на крајот на мај или на почетокот на јуни годинава.

Белата куќа одбила да ја коментира посетата на Помпео.

„Вашингтон пост“ пишува дека Помпео отишол кај претставник на Трамп за да ги постави темелите на разговор меѓу Трамп и Ким за нуклеарната програма на Северна Кореја.

 

Scroll to Top