Ким онг Јун ѝ подари нов дом на најпознатата севернокорејска ТВ спикерка

Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја ѝ подарни нов луксузен дом на Ри Чун Хи (79), најпознатата ТВ спикерка во земјата, објави Корејската централна новинска агенција. Тие се сретнаа по отворањето на новоизградената станбена област во Пјонгјанг, по што заедно го обиколија нејзиниот нов дом.

Ри вели дека нејзиниот нов дом изгледа како хотел.

„Сите членови на моето семејство плачеа цела ноќ од длабока благодарност за великодушноста на партијата“, изјави таа.

Ри започна со работа на државната телевизија во 1970-ите, кога лидер беше Ким Ил Сунг и нејзиното страсно водење вести неретко беше исмевано во странство. Оттогаш, па сѐ до ден-денес ги најавува главните настани во земјата, меѓу кои и лансирањето проектили. Ким при средбата ѝ кажа дека треба да продолжи да биде гласот на владејачката Работничка партија.

„Нашиот лидер кажа дека партијата нема да штеди на национални богатства како неа, која работи како револуционерен најавувач за партијата повеќе од 50 години“, пренесе агенцијата.

 

Scroll to Top