Кина испраќа „вештачка месечина“ во орбитата

Кина планира да лансира во вселената сателит кој би осветлил 80 квадратни километри на земјата. Вештачката месечина, како што го нарекуваат овој сателит, е во состојба да го замени уличното светло.

Сателитот веќе некое време е во развој, пишува „Мирор“. Светлото кое ќе го произведе сателитот ќе биде осум пати посјајно од светлината која ја создава Месечината.

Но, за разлика од вистинската Месечина, со светлината која ја произведува сателитот, ќе може да се управува и да се осветлува меѓу 10 и 80 квадратни километри.

Сателитот ќе се фокусира над градот Шенгду, еден од трите најнаселени градови во западна Кина. Во тоа подрачје живеат околу 14,5 милиони луѓе. Проектот е дело на Институтот од овој град, кој се очекува да го лансира сателитот во 2020 година.

Некои научници изразуваат загриженост, дека силното светло ќе влијае на дивите животни на осветленото подрачје. Сепак од Институтот велат дека вештачката светлина нема премногу да се разликува од вистинската која ја создава Месечината.

 

Scroll to Top