Кинеската влада донела одлука за забрана на работа на медицински тим за кој утврдила дека е одговорен за создавањето на првите бебиња со генетски изменет код.
Заменик-министерот за наука и технологија, Су Нанинг, изјавил дека неговото министерство остро се противело на експериментот за измена на генетските кодови кај близначки кои се родени на почетокот на ноември.
Тоа што медицинскиот тим им го правел на близначките, Су го карактеризирал како неприфатливо и незаконско и нагласил дека за овој случај е покрената истрага.
A sad day for science. Gene-edited baby explained by Jiankui He, the researcher running a highly unethical trial in violation of international moratorium. And now he explains there’s another baby on the way…#CRISPR #GeneEditSummit pic.twitter.com/tqWrh5zlCW
— Antoine van Oijen (@van__Oijen) November 28, 2018
Истражувачот Хи Ѓанкукеј тврдел дека ја изменил ДНК-та на близначките во обид да ги направи отпорни на ХИВ-вирусот.
Многубројни научници ваквиот експеримент уште од претходно го критикувале и осудиле, а универзитетите и различните организации го истражуваат целиот случај.
Група водечки кинески научници, за разлика од Ѓанкукеј, соопштиле дека сè уште е рано за какво било обид за правење трајни измени во ДНК-та кај малите бебиња.