Кинеската вселенска станица и лабораторија „Тијангон-1“ утрово влегла во атмосферата на Земјата и паднала во водите на јужен Пацифик, кај крајбрежјата на Тахитите.
„Поголемиот дел од деловите согореле“, соопштиле надлежните од Кина.
Вселенската лабораторија, чие име во превод значи „Небесна палата“, е почната со градба во септември 2011 година како прототип на тајната кинеска вселенска станица, која, како што велат надлежните во Кина, е проект што ќе биде инициран во 2022 година.
Распадот на оваа вселенска станица во последните неколку недели го привлече вниманието на јавноста, а многу научници во светот го следеле нејзиното неконтролирано спуштање.
„Се случи она што точно и го очекувавме, падна и немаше никаква штета“, изјавил Џонатан Мекдовел, астрофизичар од центарот на „Харвард“ за астрофизика.