Кинеската вселенска станица се распаѓа врз нашите глави

Кинеската вселенска станица „Тијангонг 1“, која не работи, а според извештаите добиени од службите, не е контролирана од никого, би требало идниот викенд да влезе во Земјината атмосфера и да падне.

Иако вселенските агенции не ги знаат местото и времето кога ќе паднат остатоците од станицата, сепак, ја смируваат јавноста дека ваквата состојба не претставува преголема опасност за луѓето и нивните имоти затоа што се очекува за време на падот најголем дел од остатоците на станицата да изгорат во атмосферата.

Агенциите даваат различни проценки за време на падот. Западните агенции тврдат дека Кинезите немаат контрола над станицата, додека Кина наведува дека тоа не е вистина. Единствено Русија, Канада и северна Европа се сметаат за места на кои остатоците сигурно нема да паднат.

Се верува дека околу 10% од станицата нема да се распаднат во атмосферата. Шансите тие делови да погодат некого на Земјата се проценуваат на помалку од еден на илјада милијарди.

Вселенскиот отпад е многу чест во атмосферата, но познат е само еден случај некој биде погоден. Една Американка минала без повреди кога во 1997 година ја погодил дел од американска ракета.

Меѓу најпознатите случаи е падот на американската вселенска станица „Скајлаб“ во 1979 година, чии остатоци се распрснале во близина на австралискиот град Перт. Перт потоа парично ги казнил САД со 400 долари поради фрлањето на своето ѓубре.

„Тијангонг 1“ била првата кинеска вселенска станица лансирана во 2011 година, како експериментална за повеќето проекти.

 

 

Scroll to Top