Кинески милијардер и сопственик на „Мидеа“, држен како заложник во неговиот дом

Основачот на најголемиот светски производител на домашни апарати, „Мидеа груп“, Хе Синагијан, бил држен како заложник од група напаѓачи кои провалиле во неговиот дом, јавуваат кинеските медиуми.

Полицијата соопштила дека во неделата вечерта примила дојава дека дошо до провала во куќа во местото Фошан, кое се наоѓа недалеку од градот Хонгконг, како и тоа дека утрово се уапсени пет од осомничените лица.

Во соопштението на полицијата е наведено само презимето на заложникот, Хе, но неколку кинески весници и портали, јавија дека станува збор за 78 годишниот милијардер.

Синот на Хе, како што пренесуваат странските медиуми, успеал да побегне од куќата за време на заложничката драма и да ја преплива реката. Тој успеал да повика полиција, која како што навела, го примила повикот по пет часот.
Од компанијата „Мидеа“ преку соопштение до јавноста им се заблагодарила на полицијата, но не потврдила дека Хе бил жртва на злосторот, пренесува „Асошиетед Прес“.
Во поливиското соопштение стои дека инцидентот се случил во населбата Жунлан лајф вилиџ, каде се наоѓа вилата која ја изградиле од „Мидеа“.
Хе е четвртиот најбогат човек во Кина, а според податоците на групата Hurun rеport, неговото богатство вреди околу 25 милијарди долари.
„Мидеа“ минатата година направила приход од 32,9 милијарди долари. Хе се повлекол од компанијата во 2012 година, но и понатаму е член на бордот на директори.
Scroll to Top