Кинези откриле јајца од диносаурус стари 130 милиони години

Работници во градилиште во кинескиот град Гуанжи откриле сочувано гнездо на 30 фосилизирани јајца од диносаурус стари 13 милиони години.

Овој град е познат и како „роден град на диносаурусите“, а работниците ги забележале камењата со овален облик во земјата откако со експлозив го разнеле тлото со цел да отворат простор за работа, пренесува „Дејли мејл“.

Работниците се посомневале дека веројатно станува збор за јајца од диносаурус и веднаш прекинале со работа, по што ги известиле полициските службеници. Градилиштето било затворено, а бил известен и локалниот музеј.

Експертите од музејот од областа Дају рекоа дека се работи за фосилизирани јајца од диносаурус од постјура ерата. Помеѓу јајцата била воочена црна маса за која било утврдено дека се работи за лушпа.

Градот и околината на Гуанжу се познати по богатите наоѓалишта на јајца на диносауруси, посебно од видот овираптор.

Scroll to Top