Кинезинка влегла во рендгенот на железничката станица за да не ѝ ја изгубат торбата

Девојка на една железничка станица во Кина, поради страв дека ќе ѝ ја изгубат торбата, влегла во рендгенскиот уред со цел да не ја испушти од вид.

Жената во чевли се качила на подвижната лента и така го минала рендгенскиот преглед. Кога минала низ рендгенот, таа се симнала од лентата и си ја прегледала торбата по што се оддалечила од машината.

Бизарниот настан го шокирало обезбедувањето кое било задолжено за багажот на станицата. На мониторот им се појавила женска силуета, а подоцна жената објаснила дека го направила тоа затоа што се плашела дека некој ќе ѝ ја украде торбата.

Инцидентот се случил на 11 февруари во моментите кога милиони Кинези се враќаат дома поради прославата на Лунарната Нова година.

 

Scroll to Top