Кинезите создадоа авион што лета петпати побрзо од брзината на звукот

Кина го претстави дизајнот на новиот суперсоничен тежок бомбардер кој може да стигне од Пекинг до Њујорк за само два часа!

Авионот може да лета со брзина од 6.000 километри на час, што значи дека лета со брзина петпати поголема од брзината на звукот, со два сета крила.

Го дизајнирале научници од Кинеската академија на науките во Пекинг.

Оддалеченоста меѓу Пекинг и Њујорк е 11.000 километри, а на обичен патнички авион му се потребни 14 часа да ја мине таа делница.

Кинеските официјални лица потврдиле дека извршени се неколку пробни летови со хиперсоничниот авион од 2013 година до денес, но сè се држи во строга тајност.