„Кино на трева“ пред МКЦ со филмови од Шербеџија и Павликовски

By

Од 23 до 27 јули во паркот на Младински културен центар ќе се одржуваат бесплатни филмски вечери. Ова е прво издание на „Кино на трева“, кое е во склоп на настанот „МКЦ за Скопје“. Во текот на петте дена ќе се прикажат пет филмови.

dobivaj vesti na viber

Вечерва игра „Студена војна“ на Павел Павликовски, утре е „Догмен“ на Матео Гароне, в четврток на репертоарот е „Лоро“ на Паоло Сорентино, в петок ќе се прикажува „Ослободување на Скопје“ на Данило и Раде Шербеџија, а програмата завршува во сабота со „Граница“ на Али Абаси.

„Ќе биде обезбеден превод на македонски јазик, на вас останува да си обезбедите место за седење со камперски столчиња или некое постаро ќебе. Сите проекции почнуваат во 21 часот, освен проекцијата на 26 јули, која ќе започне по полноќ“, велат од МКЦ.

 

Ќе ви се допадне