Кит убиец го разбира човековиот говор

Освен што се најголеми суштества на планетава, китовите се познати и по мошне развиените комуникациски вештини, кои се различни кај секоја единка. Новиот експеримент покажа дека китот убиец, познат како орка,  може да го разбере и човековиот говор.

Прво се сметало дека тоа можат да го прават некои птици, приматите, фоките, слоновите и делфините.

Китот Вики го изговара зборот „здраво“ и „догледање“, може да брои до три и да го изговара името на тренерката Ејми.

Овој 14-годишен кит живее во Маринленд, Франција, и е прв во светот за кој научниците забележале дека може да  повторува зборови, пренесува британски „Телеграф“.

Овој потфат е уште поголем ако се има предвид дека китовите поради еволуциското прилагодување на комуникација под вода имаат и поинакви развиени вокални можности од луѓето.

Вокалната имитација е одлика на човековиот говор, која со други когнитивни способности била клучна за развој на човеквата култура, вели Хосе Абрамсон од универзитетот „Комплутенсе“ во Мадрид.

Орките во дивината живеат во јата, од кои секое има свој дијалект, вклучувајќи ги и повиците, кои се целосно единствени. За некои од таканаречените кликови се смета дека ги претставуваат имињата на одредени единки.

Секој пат кога добро ќе го повторела звукот, Вики за награда добивала риба и тапкање по глава, додека шестиот судија  оценувал во која мера нејзините имитации се поклопуваат со оригиналниот звук.

Научниците вклучени во истражувањето заклучиле дека ова е можеби само дел од нивните вокални можности.

 

 

 

Scroll to Top