Кој и да ја прашал Олга кога ќе се венча, завршил мртов

Како и да изгледа еден моќна двојка уште во времето на царска Русија, можеби најдобро покажува примерот на принцот Игор и принцезата Олга. Тој бил син на Рјурик, човекот кој ја основал Русија, а таа во целото кралство била позната како убавицата Олга.

Игор го покорил племето Углич, Дрељан и Печен, а тргнал и во два похода на Византија каде го опседнал Цариград. Сепак, неуспешното војување со Византија било завршено со трговски договор.

За време на неговото владеење, забрзан бил процесот на феудализација на Киевска Русија, каде биле предизвикани бунтови поради високите дадџбини.

Бунтот го дигнале Древљаните, а во пресметката со нив, Игор бил заробен и убиен.

Олга била неутешена до таа мерка што, кој и да и предложил повторно да се венча, завршувал мртов. Кога Игор бил убиен, нивниот син Свјатослав имал само три години.

Набрзо по трагедијата, Древљаните на Олга и испратиле порака во која и напишале дека Игор бил како волк кој уништува се пред себе, но дека сепак сметаат дека е добра личност, па поради тоа најдобро би било да се омажи за нивниот принц Мала. На тој начин сакале да стекнат контрола над целото кралство.

Сепак, Олга имала поинакви планови за нив. Им порачала дека токму тоа и таа го сака, а за да им искаже почит пред народот на Киев, сакала сите да ги пренесе во еден брод, за да луѓето ја видат и да ги поздрави.

Древљаните се согласиле, а кога дошло до тоа, нејзините војници целиот брод го спуштиле во дупка и живи ги закопале. Тогаш поочнала одмаздата на Олга. Следната порака која им ја испратила на Древљаните се однесувала на нивните најугледни мажи, кои ги барала за придружба, за да со достојна чест, се среќавала со нивниот принц.

Древљаните направиле како што таа побарала, и кога мажите стигнале во Киев, Олга ги дочекала со насмевка и им понудила да се одморат во една од куќите, поради тоа што таков бил обичајот. Тие ја искористиле нејзината понуда, но откако влегле сите, Олга наредила да се заклучи вратата и се да се запали.

Олга повторно се јавила до Древљаните, а тогаш побарала од нив голема количина на мед. Побарала да организираат голем погреб за нејзиниот сопруг, за да на тој начин се извинат за неговата смрт.

 

Древљаните повторно наседнале на нејзината замка, а Олга на погребот се однесувала нормално и топло, па премногу брзо тие се опуштиле.

На гозбата по погребот почекала сите да се опијанат, а тогаш го искористила нивното невнимание и наредила на своите војници да ги заколат.

Нејзината последна порака, на која Древјаните исто така наседнале се однесува на птиците, со кои наводно биле обврзани да плаќаат данок.

Тие повторно ја послушале и ги собрале сите птици за да и ги предадат на Олга. Кога ги добила птиците, секој од нив на ногата врзал парче ткаенина натопена во сулфур. Знаела дека тие ќе ги запалат факелите кога ќе падне ноќта, но и дека птиците ќе одлетаат над своите сопственици кога ќе ги пушти.

Птиците одлетале, а траките кои им биле заврзани околу ногата се запалиле што се нашле во близина на факелите. Се изгорело. Ниту една куќа не била поштедена. Окупираниот град исчезнал за неколку часа.

 

 

Scroll to Top