Кој е најздодевниот град во светот

Според пишувањата на британското списание „Тајмаут“, Истанбул е најздодевниот град во светот. Сингапур е на второто место.

Списанието направило анкета на повеќе од 15.000 испитаници. Туристичкиот одбор на Сингапур многу бргу ги негирал резултатите од ова истражување и снимиле видео со саркастична порака: „Тука нема ништо забавно“.

Податоците од истражувањето биле објавени во рубриката City Life Index 2018. На врвот на листата Чикаго бил прогласен за најзабавен град, а по него следуваат Порто и Њујорк.

Податоците се базираат врз понудата на храна, пијалаци, културни настани, љубезност на домаќините, соодносот меѓу цената и квалитетот, но и чувството на задоволство и можноста за пријатен и исполнет живот во градот.

Според процените на читателите, Сингапур добил пофалби за безбедноста и добриот јавен транспорт, но е оценет со најниски рејтинзи во однос на уметничката и културната сцена. Само 17 отсто од испитаниците одговориле дека „секогаш има нешто интересно што може да се види или да се направи“.

Scroll to Top