Колку се интелигентни хороскопските знаци

Пронајдете го вашиот хороскопски знак и интелигенцијата многу лесно може да ја категоризирате според него.

Огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) имаат интуитивна интелигенција. Тие ги согледуваат можностите и преземаат ризици. Сте виделе некој производ или услуга од која некој заработил милиони и си мислите: „Зошто мене не ми текна на тоа?“ Токму огнените знаци се тие што остваруваат огромни заработки или ги поттикнуваат другите на таков чекор.

Земјените знаци (Бик, Девица, Јарец) имаат практична интелигенција, од балансирање на парите па сè до решавање на проблемите на работното место. На земјените знаци не им оди идеално на работното место бидејќи мораат да го решат секој проблем веднаш, што не е баш совршен чекор за околината, но барем носи пари.

Воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) имаат идеалистичка, аналитичка интелигенција. Овие знаци живеат во светот на идеите и се многу поврзани со дружењето и социјализацијата. Преферираат емоционални идеи. За нив социјализирањето и дружењето се стимулација на новите идеи.

Водните знаци (Рак, Скорпија, Риби) имаат перцептивна интелигенција. Тие се оние што ја разбираат вашата мотивација и го почитуваат начинот на кој се чувствувате. Во кинеската астрологија водните знаци се поим за интелигенција. Тие многу лесно се поврзуваат со другите. Полни се со разбирање. Најчесто зборот гениј првин го врзуваме за Алберт Ајнштајн со хороскопски знак Риби.

Scroll to Top