Континенти што живееле брзо и кратко

By

Кога Земјата била сè уште млада планета, на неа имало многу континенти, кои во меѓувреме исчезнале оставајќи само неколку траги зад себе. Ова го покажуваат најновите истражувања.

Тие континенти, според зборовите на научниците од Универзитетот „Монаш“ во Мелбурн, живееле брзо и кратко, но затоа се создале основи за формирање нови постојани континенти, од кои настанале тектонски плочи.

„Резултатите од нашето истражување доведува до заклучок дека континентите биле слаби и склони на уништување во времето додека биле сè уште млади, односно во периодот пред 4,5 милијарди години, по што постепено се менувале и станувале цврсти во наредните милијарда години за на крајот да се формира основата за модерните континенти“, изјавил Фабио Капитанио, лидерот на тимот научници од австралискиот универзитет.

Во период од стотина милиони години континентите биле повеќе или помалку стабилни, но се поместувале поради низа тектонски активности формирајќи разни облици, меѓу кои и некогашниот суперконтинент Пангеа, е наведено во истражувањето објавено во научното списание „Природа“.

Изгледот на континентите пред неколку стотини милиони години е сличен на денешниот, но многу малку информации има за тоа како изгледале континентите во раната историја на нашата планета.

За да се проучи тој ран период од историјата, научниците користеле компјутери за да создадат приказ на интеракција на карпите и магмата во Земјината кора под неа.

Научниците претпоставуваат дека температурата во внатрешноста на Земјата била три-четири пати поголема во нејзините рани денови, во периодот хадајк пред архајскиот период. Земјината кора во добата на хадајкот била исклучителна топла, но и тенка, така што континентите лесно се одвоувале и повторно се покривале со вулканска магма.

Новите континенти потоа исчезнувале од магмата што ги покривала претходно потопените континенти. До почетокот на архајскиот период, пред 2,5 до четири милијарди години, на крајот на хадајкот веќе се создала основата за денешните континенти, пренесува „Танјуг“.

Во последните децении на дваесеттиот век геолозите идентификувале неколку карпи од хадајк-периодот на подрачјето на западен Гренланд.

 

 

Ќе ви се допадне

Watch Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song Episode Full - Cam (https://kissanimeonline.com/m/lvM7/ep-1) at website https://kissanimeonline.com kissanime one piece

Cells at Work!! Episode 2 at website https://animefreak.ws. See more boku no hero academia animefreak