Концерти, изложби, кино на отворено: Вечерва е Бела ноќ во Скопје

Вечерва во Скопје по седумнаесетти пат ќе се одржи традиционалната „Бела ноќ“. На 13 локации низ Скопје ќе има концерти, изложби, кино проекции, а ќе се доделат и твитер наградите.

Официјалната програма ќе почне во 19 часот и ќе трае до полноќ, а поради коронавирусот, локалите нема да работат во текот на целата ноќ.

„Фолтин“ и „Ај кју“ ќе имаат концерти пред Куршумли ан, Во Чифте амам ќе се одржи претставата „Глува соба“, пред Паркот кај авиончето концерти ќе имаат Дани Димитровска, Пајак и Ѓоко Танески со Кристина Арнаудова. И оваа година ќе има кинопроекции на отворено, на Три круши во Драчево и пред Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто.

Сите настани ќе се одвиваат според здравствените протоколи, на сите локации ќе има редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.

Scroll to Top