Концерти, кино на отворено и твитер-награди на Бела ноќ во Скопје

Концерти, кинопроекции, изложби, културни настани и доделување на годинашните твитер-награди се дел од програмата на 17. Бела ноќ што ќе се одржи в сабота, на 25 септември.

„Фолтин“ и „Ај кју“ ќе имаат концерти пред Куршумли ан, Во Чифте амам ќе се одржи претставата „Глува соба“, пред Паркот кај авиончето концерти ќе имаат Дани Димитровска, Пајак и Ѓоко Танески со Кристина Арнаудова. И оваа година ќе има кинопроекции на отворено, на Три круши во Драчево и пред Домот на културата „11 Октомври“ во Ченто.

Сите настани почнуваат од 19 часот, а ќе се одржуваат според протоколите за заштита од Ковид-19.

Scroll to Top