Корејците направија ракета од мраз на фестивалот за скулптури

Реплика од долгометражната ракета „Хвасонг-15“ беше направена од мраз и беше главната атракција на фестивалот за скулптури од мраз, одржан во Пјонгјанг.

Севернокорејската државна телевизија емитува снимка од фестивалот, кој беше одржан во склоп на новогодишното славење, пренесува Би-би-си.

Како што се наведува, скулптурата е претставена во време кога севернокорејскиот лидер Ким Ѓонг-ун предупреди дека копчето за лансирање на нуклеарниот проектил е на неговата маса.

 

 

Scroll to Top