Коронавирусот умира во вода и на собна температура за 72 часа

Експертите од Државниот истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“, спровеле студија за способноста на коронавирусот да преживее во вода.

Речиси 99,9 % од неговите честички умираат на собна температура и во вода за 72 часа. Ова го изјавиле од прес-службата на Сојузната служба за надзор и заштита на правата на потрошувачите и благосостојбата на луѓето.

Докажано е дека вирусот во дехлорирана и солена вода не може да се размножува, но може да се зачува. Притоа времето на деактивација на новиот коронавирус зависи од температурата на водата.

Во вода на собна температура 90 % од коронавирусот умира за 24 часа, а 99 % умира во текот на 72 часа, е наведено во соопштението.

Врелата вода доведува до целосна деконтаминација и истребување, а во хлорирана вода коронавирусот целосно ја губи способноста за одржливост.

Со порастот на температурата во водата бројот на одржливи вирусни честички значително се намалува, стои во соопштението.

 

Scroll to Top