Римскиот костур со дупка во стапалото, стар 2000 години, укажува на мачењето кое се применувало во Стариот Рим, а се смета дека на овој начин е убиен и Исус Христос.
Костурот е пронајден за време на едно ископување на гробница која се наоѓа во северна Италија, а кај костурот се забележани знаци од специфични повреди, на десната пета, која сугерира дека човекот бил распнат на крст.
И покрај тоа што Римјаните со векови практикувале распнување на луѓе, вклучувајќи го и самиот Исус Христос, доказите за оваа техника се многу ретки. Единствен друг примерок од 19 сантиметри долга шајка е пронајдена во телото на еден Евреин, откриен во гробница во Ерусалим во 1968 година.
Доказите за распнувањето се ретки, затоа што дрвените крстови кои Римјаните ги користеле брзо се распаѓале. За шајките од друга страна, се верувало дека имаат магични својства, па често се земале од жртвите. Римскиот говорник Цицерон, забележал дека од сите казни, распнувањето била најзлобна и најстрашна.
Костурот е пронајден на околу 60 километри од Венеција во долината на реката По.
A 2,000-year-old Roman skeleton with a hole in his foot is only the second physical remain of the type of ‘torture that killed Jesus’.
“The… https://t.co/OfRTpHFHgg
— DaVe W LeE (@davewflee) 1 June 2018
„Важноста на ова откритие лежи во фактот што, ова е веќе втор случај документиран во светот“, изјавил археологот Урсула Тун Хохенстајн.
Не е можно да се одреди староста на костурот затоа што неговата површина е слабо сочувана. Сепак, остатоците се пронајдени покрај типични римски цигли и плочи, што сугерира дека потекнува од тој период.
„Овде сметаме дека распнувањето е веројатната причина за повредата, но интерпретацијата е комплицирана поради лошата зачуваност на површината на коската, како и поради оштетувањето и дупката на другите делови на костурите“, напишале научниците.
Тродимензионалните слики од петата покажуваат дека повредата минала низ целата ширина на коската на петата. „Перфорација (должина 24 милиметри) покажува правилна округла дупка која минува од медијалната страна (пречник 9 милиметри) до латералната (6,5 милиметри)“, напишале авторите.
Причината за пресекот на повредата е линеарен во првиот дел, додека во доцниот дел се врти лесно кон доле. Велат дека тоа е доказ дека петата била прикована за цврста површина пред жртвата да умре.
Научниците велат дека горните екстремитети биле прицврстени за крстот. Човекот бил пронајден со горните екстремитети поставени по должината на колковите и раширените долните екстремитети”, што е невообичаена положба.
Начинот на кој личноста е погребана сама и без материјални добра, говори дека припаѓал на маргиналните општествени групи или деа бил заточен. Тоа ја зголемува веројатноста дека оштетувањето е последива на распнувањето.
Политички злосторник
Првиот доказ за распнувањето бил откриен во 1968 година, од страна на археологот Василиос Каферис, кој добил докторат од хебрејскиот Универзитет во Ерусалим. Тој го ископал телото на Евреинот Јехохан за кој се верува дека му потекнувал од просперитетно семејство и кое најверојатно е осуден поради политичкиот злостор. Живеел во Ерусалим во периодот од почетокот на новата ера и 78 година.