Кралицата испрати приватна порака со сочувство по смртта на ветеранот Том Мур

100-годишниот воен ветеран, сер Том Мур, почина од корона, а кралицата Елизабета испрати приватна порака со сочувство до неговото семејство. Британската кралица лани летото го прогласи Мур за витез бидејќи тој собра приближно 33 милиони фунти помош за британските здравствени работници кои се справуваа со пандемијата на Ковид-19.

„Нејзиното височество уживаше во средбата со капетанот сер Том и неговото семејство минатата година во Виндзор. Нејзините мисли и мислите на кралското семејство се со нив“, објавија од прес-службата на кралицата.

Капетанот Том Мур го привлече вниманието на светската јавност кога лани реши да изоди 100 круга во својот двор пред да наполни 100 години, а од Британците побара да донираат за овој потфат, со надеж дека ќе собере 1.000 фунти. Наместо тоа, Мур собра речиси 33 милиони фунти, пари што ги донира за британските здравствени работници. По ова, кралицата Елизабета вонредно му ја додели титулата сер.

На 2 февруари „Би-би-си њуз“ објави дека ветеранот бил пренесен во болницата „Бедфорд“ по позитивниот тестот на Ковид-19. Поради терапијата што ја примал за пневмонијата, Мур не можел да ја примил вакцината против коронавирусот.

 

Scroll to Top