За првпат од почетокот на пандемијата, се појави случај на коронавирус во океанската држава Тонга. Веста ја потврди премиерот на пацифичкото кралство, Похива Туионето.
Тонга е островска земја, која се наоѓа на околу 2.300 километри северно од Нов Зеланд. Таа ги затвори своите граници уште на почетокот од пандемијата и досега немаше ниту еден заболен од коронавирус. Сепак, еден патник од летот за репатријација од Крајстчерч, влегол позитивен во државата, објави премиерот на прес-конференција.
Покрај него, ставени се во самоизолација и останатите 214 патници. Меѓу нив се сезонски работници и претставници на олимпискиот тим на Тонга, кои заглавија на Нов Зеланд на враќање од Олимписките игри што се одржаа во Токио во август. Поради новите случаи на Ковид-19 во Нов Зеланд, тие не можеа да се вратат во својата семја со недели.
Тонга вакцинира 48 отсто од возрасното население со првата доза, а 31 отсто се целосно вакцинирани.
Здравствените власти на Нов Зеланд потврдија четири случаи во Крајстчерч, први случаи во градот за една година. Оттаму соопштуваат
Засега нема да бидат воведени ограничувања во градот, бидејќи епидемијата е под контрола.
Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека во тек е истрага за случајот во Тонга, иако тврдат дека патникот имал негативен тест пред да замине од Нов Зеланд.