Кристина е единствената жена пилот во Воздухопловството на Црна Гора

Кристина Бачиќ е прва и единствена жена пилот во Воздухопловството на Војската на Црна Гора.

Отсекогаш ги сакала височините, но не верувала дека толку брзо ќе седне во пилотска кабина.

Била одличен ученик, завршила гимназија, а подоцна се запишала на Факултетот за градежништво.

За конкурсот за упис во Воздухопловната академија во Атина, кој го објавил Министерството за одбрана, го известила нејзиниот татко.

„Испитите веќе ги поминав и можам да кажам дека изгледаа тешки, особено физичката подготвеност, заедно со психолошкиот тест и тестот по англиски. Кога почнав да одам на предавања добив повик од Министерството и ми рекоа дека ги имам најдобрите оценки. Тогаш одлучив да се посветам на оваа работа и драго ми е што е така“, изјави Кристина.

Таа дополни дека следењето на програмата и испитот по грчки јазик ѝ претставувале најголем проблем во школувањето.

„На почетокот, особено во првата и втората година, учењето јазик беше вистински предизвик“, смета Кристина.

Првиот самостоен лет го имала пред четири години. Направила круг околу воздухопловните бази на 15 километри од Атина.

Чувството кога за првпат се качила во авионската кабина ги надминало нејзините очекувања, но кога полетала, сите стравови исчезнале.

„Ова е невообичаен повик за жена, но сметам дека не постои поделба на машки и женски работи. Имаше и такви на кои мојата одлука им беше чудна. Им било необично  жена да  изберете да стане пилот во Воздухопловството на Црна Гора. Сметам дека жените како и мажите можат да успеат во која било работа и дека како и во сè друго, потребен е само многу труд“, вели Кристина.

Таа во јули ќе положи заклетва по што се надева дека ќе почне да работи во Воздухопловството на Војската на Црна Гора. Има желба да заврши и мастер студии од областа на метеорологијата.

 

 

Scroll to Top