Крвава Месечина на 31 јануари

Феноменот Крвава Месечина, кој може да се забележи во Нов Зелан и во поголемиот дел од Австралија и Централна и Источна Азија, како и делови од Европа и Блискиот Исток, ќе се случи на 31 јануари.

Таа вечер ќе се поклопат три небесни случувања, нешто што се нема случено повеќе од 150 години. Тоа ќе ни ја донесе една од најубавите ноќи, барем кога е во прашање набљудувањето на Месечината.

Овој настан е опишан како помрачување на сината супермесечина. Ќе се случи лунарно помрачување. Тоа случување ќе биде причина Месечината да добие црвена боја.

 

 

Scroll to Top