Крвава свадба во Саудиска Арабија

Најмалку 20 сватови во село на североисток на Јемен загинале во воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, соопштиле денеска локалните медицински претставници.

Според наводите на локалната болница,  ранети се 46 луѓе, додека некои сведоци велат дека повеќе до 30 луѓе се ранети за време на ударите, а меѓу нив има и деца.

Некои дури и наведуваат дека загинале 40 сватови.

Портпаролот на коалицијата на чело со Саудиска Арабија вели за британска агенција дека го примиле извештајот што сериозно го разгледуваат, како и дека ќе биде спроведена целосна истрага.

Јемен три години е во војна со бунтовниците Хути, кои контролираат значителен дел од Северен Јемен.

Поради непрецизноста во изведувањето на воздушните удари, повеќе од стотина цивили се убиени во болницата, школите, плоштадите и други места.

Телевизијата „Ел-Масирах“, блиска на Хутите, соопштила дека во воздушните удари на коалицијата предводени од Саудиска Арабија убиени се 33, а ранети 55 лица.

Scroll to Top