Куба добива нов претседател

Во комунистичка Куба денеска завршува ерата на владеење на фамилијата Кастро. На власт доаѓа Мигел Дијас Канела.

Канела е роден 1959 година време кога Фидел Кастро ја изведе левичарската револуција во Куба, а се смета за човек што цело време бил десна рака на Раул Кастро.

Светските политички експерти не сметаат дека по 60 години владеење на семејството Кастро, Канела ќе иницира реформи во кубанската економија, како и во еднопартискиот систем.

Кубанските власти вчера го номинираа првиот потпретседател Дијас Канела за единствен кандидат за претседател, со што гарантирано е дека 57-годишниот инженер ќе го наследи генералот Раул Кастро.

Агенцијата АП ја пренесе номинацијата, која сега треба да биде потврдена во Народното собрание на Куба. 604 пратеници сѐ уште имаат мандат да ја потврдат номинацијата, целосно или речиси целосно едногласно.

За нов прв потпретседател е предложен Салвадор Валдес Мес (72), поранешен синдикален претставник, кој во владата на Куба извршувал високи функции.

Дијас Канел припаѓа на младата генерација лидери и се залага за модернизација на островот, но од него, како долгогодишен функционер на Комунистичката партија, не се очекува дека ќе инсистира на големите политички промени.

Доколку биде избран, Дијас Канел ќе биде првиот претседател на Куба кој е роден по Кубанската револуција.

Според образованието, тој е инженер по електроника.

Раул Кастро (86) до 2001 година ќе остане лидер на Комунистичката партија, една политичка организација во земјата, што значи дека ќе има големо влијание на процесите во носењето на државните одлуки.

 

Scroll to Top