Куче намирисало карцином уште пред да биде откриен

Кучињата се способни да откриваат болести, а тоа го докажа и случајот со полициската службеничка Меган Тиерни од град во Масачусетс, која наводно била спасена благодарение на нејзиното слепо куче.

Според нејзините зборови, кучето постојано ја ставало шепата на местото каде што се развивал ракот. Тиерни го забележала отеченото ткиво, па по посетата на лекар ѝ била потврдена рана фаза на дуктален карцином на дојката.

Иако дознала дека има рак, нешто што, како што самата вели, никогаш не е лесно да се проголта, таа е пресреќна што нејзиното куче Дуде го открил уште во раната фаза. Вели дека таа и нејзините најблиски и лекарите никогаш немало да го откријат во оваа фаза.

Познато е дека кучињата имаат многу посилно чувство за мирис во однос на луѓето. Дуде, кое е слепо уче, има засилено чувство за мирис и помогнало да се открие болеста на стопанот. Кучињата имаат 220 милиони рецептори за мирис. 195 милиони повеќе од луѓето.

Според истражувањето на Алехандри Хорвитц од Универзитетот „Барнард“, кучињата можат да намирисаат многу ситни делчиња. Така на пример, Хорвитц вели дека кучето може да открие едно лажиче шеќер во милион галони вода. Тоа значи дека нивната способност за мирис е 100 000 пати подобра од нашата.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top